Скандал на погребот на Арета Френклин: Епископот ѝ ги допре градите на Аријана Гранде

Епископот Чарлс Елис, кој го водеше погребот на Арета Френклин, ја шокираше јавноста со своето однесување. Имено, тој за време на службата ѝ ги допираше градите на младата пејачка Аријана Гранде, а потоа кажуваше шеги на сметка на нејзиното име.

Заедно со својот свршеник, Пит Дејвидсон, 25-годишната пејачка Аријана Гранде отпатува до Детроит за да присуствува на погребот на Арета Френклин, каде и ја изведе една од најпознатите песни на покојната соул кралица, нумерата „A Natural Woman“.

Откако ја испеа песната, епископот Чарлс Ерис, кој го водеше погребот, ја доведе пејачката до подиумот, а потоа кажуваше шеги за нејзиното име - истакнувајќи дека звучи како име од менито од рестораните за брза храна Taco Bella, а потоа со десната рака ги допре нејзините гради.

Овој непријатен момент го забележаа камерите, па фотографиите бргу се проширија по социјалните мрежи.

Поради овие критики и огромниот притисок, Чарлс Елис се огласи во медиумите, односно се извини поради своето однесување во интервју кое го даде за „The Associated Press“.

„Немав намера да допирам гради на која било жена. Не знам, претпоставувам дека ја ставив раката околу неа и можеби ја поминав границата, можеби бев премногу слободен и пријателски настроен, но се извинувам“, рече Елис.

Епископот исто така се извини и за шегата која ја кажа, а која се однесуваше за името на пејачката.

„Лично и искрено и се извинувам на Аријана, на нејзините фанови и на целата шпанска заедница. Кога правиш програма од девет часа се обидуваш да ја одржиш во живот, односно се обидуваш да вметнеш некои шеги“, додаде тој.

Покрај Чарлс, непристојно однесување кон Аријана покажа и ниту помалку, ниту повеќе, туку поранешниот претседател на Америка, Бил Клинтон.

Слично како и епископот, ниту тој не можеше да и одолее на убавата и харизматична пејачка, па како што пишуваат светските медиуми, тој едноставно не можеше да го тргне својот поглед од неа додека таа настапуваше. 

Бил буквално не можеше „да ги тргне очите“ од убавата Аријана, па го следеше секој нејзин чекор на сцената.

Моментот на неговото полно внимание и концентрираност кон пејачката го забележаа камерите, па неколку слики почнаа да кружат по социјалните мрежи.

Очекувано, на Twitter набргу се појавија многу шеги по повод ова однесување на поранешниот претседател.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе