Фудбал

Сколс: Јунајтед нема да се бори за титулата уште најмалку 2 години

6. септември 2019 - 8:33 | МИА
Манчестер, 5 септември 2019 (МИА) – Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, не верува дека тимот ќе може да се бори за титулата барем наредните 2 години.

„Црвените ѓаволи“ ја започнаа сезоната лошо со само една победа на 4 натпревари и се чини дека целта ќе биде пласман во Топ 4, но воопшто не е сигурно дека тоа ќе се постигне.

– Можете безбедно да го отпишете Јунајтед како кандидат за титулата во текот на следните 2 години. Оле Гунар Солскјер ќе треба да расчисти и да го направи својот тим, но ќе треба уште 4-5 трансфер прозорци. Мислам дека годинава екипата ќе заврши зад Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Тотенхем. Во моментов е значаен развојот на младите играчи, но и примерот даден од искусните фудбалери. Сепак, гледаме сè повеќе грешки од големите sвезди, што им ги отежнува нештата на младите, изјави Сколс.

Тој кој го критикуваше Солскјер за ремито против Саутемптон во последното коло.

– Разочаран сум затоа што по излегувањето на Хуан Мата, сè се смени, а само Шпанецот можеше да создаде нешто во нападот. Покрај тоа, искусни фудбалери изневерија. Матиќ ја губеше топката лесно, Ешли Јанг не беше прецизен, а Пол Погба дозволи многу грешки. Така не се дава пример, додаде Сколс.

Коментирај