Педесет и осумгодишен скопјанец е осомничен за обид за убиство на својата снаа од брат.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П. (58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.
Според информациите на МВР, на 9 овој месец, околу 19:50 часот, во село Мирковци, скопско, по кратка вербална расправија, поради нерешени имотно-правни работи, пријавениот со тесла ја нападнал снаата за брат С.П.(54).
Жената добила тешка телесна повреда на главата.