Словенија ќе биде единствен тест за фудбалерите пред ЕУРО

Филип Здравески
/ 18.02.2021 / 16:01

Македонската фудбалска репрезентација ќе има двонеделен собир во Скопје пред ЕУРО во чии рамки ќе одигра и еден пријателски натпревар.

Фото: ФФМ

Откако синоќа селекторот Игор Ангеловски го заврши тридневниот мини-тренинг камп за играчи кои конкурираат за во репрезентацијата, го откри и планот за подготовките во пресрет на историскиот настап на ЕУРО 2020.

Македонија ќе се собира на 25 мај и ќе тренира во Скопје до 8 јуни кога со чартет лет ќе се летне за Букурешт каде ги играме првите два натпревара од Европското првенство, против Австрија и Украина. Интересно, ова ќе биде прв пријателски натпревар по тригодишна пауза.

Ова ќе биде седма пресметка со Словенија со чија репрезентација Македонија го одигра и првиот историски натпревар по осамостојувањето. Меѓусебниот скор е 4 наши победи и по 1 нерешена и 1 пораз со гол-разлика од 12:6 во наша корист.

Во однос на тренинг-кампот, кој заврши вчера со тест натпревар на кој репрезентацијата со 2:0 славеше над Работнички, селекторот ја даде следнава изјава:

„Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите што ги одработија овие три тренинзи, како и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин. Благодарност и на Работнички што ни излезе во пресрет да одиграме тренинг натпревар. Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во репрезентацијата. Некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности. Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки“.

Македонија во март игра три натпревари во рамки на квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар во 2022 година, во Романија (гости), Лихтенштајн (дома) и Германија (гости).

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе