Смеат да се јадат и при диета: Кои се добри јаглехидрати?

Постојано слушаме дека намалувањето на јаглехидратите е најважното нешто во повеќето диети, но сепак треба да јадеме некои од нив. Дали знаете дека има и добри јаглехидрати?

Тестенини, леб, ориз, компири... сѐ се тоа јаглехидрати. Заедно со протеините и мастите, тие ги сочинуваат првите три најважни хранливи материи. Многу диети сугерираат намалување или елиминирање на јаглехидратите од исхраната. Дали тоа е навистина добро?

Всушност, тие ни се потребни, дури и кога сме на диета. Јаглехидратите се главниот извор на енергија за телото и мозокот. Дигестивниот систем брзо ги разложува јаглехидратите во гликоза (шеќер во крвта) и ги доставува до горивните клетки, ткивата и органите. Телото може веднаш да користи гликоза или да ја складира за подоцнежна употреба.

Сепак, некои јаглехидрати се поздрави од другите. А, познавањето на оваа разлика може да биде од корист за вашето здравје и фигура. Потребите за јаглени хидрати се индивидуални. Количината што му треба на секој поединец за да изгуби тежина зависи од неколку фактори како што се возраста, полот и нивото на активност.

Во просек, препорачаниот процент на дневни калории кои доаѓаат од јаглените хидрати е обично помеѓу 45 и 65 проценти. Јаглехидратите содржат 4 калории по грам. Тоа значи дека ако сте на диета која бара од вас да внесувате 2.000 калории дневно, ќе ви требаат од 225 до 325 грама јаглени хидрати дневно.

За губење на тежината треба да согорите повеќе калории отколку што консумирате. Идеално, треба да согорите 500 калории повеќе отколку што јадете. Во однос на внесот на јаглени хидрати, 100-150 грама ќе бидат сигурно внесени додека сте на диета.

Ова се некои добри јаглехидрати:

  • свежо овошје
  • свеж зеленчук
  • наут
  • грашок
  • леќа
  • кафеав ориз
  • овес
  • семки од тиква
  • семки од чиа
  • семки од сончоглед
  • слатки компири
  • компири
  • кикиритки
  • бадеми
  • лешници
  • ореви
  • цели житарици
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе