Со овој едноставен трик можете да ги отстраните сите нечистотии и непријатни мириси од мијалникот.
Потребни состојки:
- ½ чаша сок од лимон
- ½ чаша сода бикарбона
Подготовка и примена:
Загрејте го сокот од лимон и додадете сода бикарбона за да се раствори. Направете го тоа постепено, бидејќи ќе има реакција на пена помеѓу содата и сокот.
Промешајте и полека истурете во одводот. Почекајте 10 минути за да се апсорбираат сите нечистотии, а потоа исплакнете со топла вода.
Нема да остане ни трага од непријатните мириси. Само свежина.
На овој начин ќе ги исчистите одводите и ќе ги елиминирате сите непријатни мириси. Наместо сок од лимон, можете да користите алкохолен оцет.