Со еден додаток зелениот чај ќе стане најздравиот пијалак во светот

Општо земено, сите чаеви се здрави, а зелениот чај се смета за еден од најздравите бидејќи има добар ефект врз општото здравје. Велат дека овој чај промовира и слабеење, но една нутриционистка тврди дека доколку во него додадете само една состојка, овој чај ќе стане најздравиот пијалак во светот.

„Најздравиот билен чај што можете да го пиете е зелениот чај направен од листовите на прекрасното кинеско растение Camellia sinensis бидејќи содржи многу полифеноли и антиоксиданси“, вели нутриционистката Дијана Миниќ.

Сепак, таа истакнува дека повеќето луѓе не знаат дека додавањето сок од лимон во зелениот чај може да го зголеми ефектот на катехините.

„Неодамнешните истражувања покажаа дека зелениот чај со лимон има многу повеќе катехини и полифеноли од самиот зелен чај, кој веќе содржи импресивна листа на антиоксиданси“, рече таа.

Покрај тоа што лимонот додаден во зелениот чај го подобрува ефектот на катехините, нутриционистката истакнува дека лимонот поради киселината што ја содржи му помага на телото полесно да ги апсорбира сите корисни состојки.

Исто така, Миниќ вели дека е добро да се користи кора од лимон бидејќи ги содржи и фитонутриентите салвестрол и лимонен, кои имаат моќно антиоксидантно дејство.

„Редовното консумирање зелен чај може да ја подобри работата на организмот и да ублажи многу здравствени проблеми, а ако додадете малку сок од лимон или кора од лимон, ќе ги подобрите сите негови добри ефекти“, додава таа.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Здравје

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Read more

Клучот за намалување на ризикот од рак на дебелото црево е во вашиот фрижидер

Read more

Рани знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Read more

Страдате од главоболки? Можеби имате недостаток на клучна хранлива состојка

Read more
 

Магазин

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Читај повеќе

Трупате фотки во телефонот? Можеби имате ментално растројство

Читај повеќе

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година

Читај повеќе

Како јадењето киви еден час пред спиење може да ви помогне побрзо да заспиете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Читај повеќе

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Читај повеќе

Зимски прошетки и кучиња: Дали е неопходна јакна за вашето милениче?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Читај повеќе