Со контунуирана модернизација на мобилната мрежа, Телеком се подготвува за 5G

Македонски Телеком продолжува со модернизација на мобилната мрежа и замена на опремата со најнова технологија, што е подготовка за имплементација на мрежата на петтата генерација.

Планот е да се опфати целата територија на Македонија. Од август до сега успешно се реализираше модернизацијата во регионите:  Штип, Кавадарци, Неготино, Градско, Велес, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Битола, а октомври и ноември ќе се продолжи во Ресен, Охрид и Струга.

Со досегашните активности една третина од мрежата на Телеком е подготвена за 5G, а според планот во втората половина на 2022 година со 5G сигнал ќе може да се опфатат две третини од населението, вклучително и градот Скопје. 

Со модернизацијата, освен што ќе се создадат услови за воведување на најновите технологии значително ќе се зголеми капацитетот на мрежата и ќе се подобри корисничкото искуство.

Од првите тестирања до имплементацијата на терен, проектот за 5G на Телеком континуирано се спроведува веќе три години, со цел на корисниците да добијат поголеми брзини и одлична услуга.  Во 2018 година Македонски Телеком го изведе првото 5G демо и измери гигабитни брзини. Тука почна приказната за 5G во Македонија, а веќе наредната година беа поставени првите тестни базни станици во центарот на Скопје и Охрид. Истата година Телеком постави уреди за тестирање на оваа најнова технологија на Институтот за комуникаци и базна станица на ФЕИТ, со што студентите и професорите беа меѓу првите што ја тестираа 5G во реални услови.

Со модернизацијата на мобилната мрежа на Телеком што се одвива во моментов се создаваат реални услови за воведување на 5G технологијата.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе