Со новиот трипл-дабл Вестбрук израмни 50 години стар рекорд

Некогаш соиграчи, а денеска големи ривали – Расел Вестбрук и Џејмс Харден ги одмерија силите во уште еден историски дуел помеѓу нивните тимови Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс.

Тимот на Оклахома Сити Тандер на гостински терен успеа да стигне до победа над Хјустон Рокетс, со резултат од 117:112.

Серијата на последователни натпревари во кои Џејмс Харден постигнува повеќе од 30 поени продолжи и по овој дуел, но неговите 42 поени не беа доволни за да се надмине пречката која пред него стоеше во облик на двајца од најдобрите играчи во НБА во моментов – Расел Вестбрук и Пол Џорџ.

Вестбрук, во негов стил, забележа нов трипл-дабл со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции, притоа израмнувајќи го рекордот на Вилт Чемберлејн од 1968 година, кој е единствениот друг играч во историјата на лигата кој успеал да забележи девет последователни трипл-дабл учиноци. Ако на тоа ја додадеме и маестралната игра на Пол Џорџ и неговиот учинок од 45 поени и 11 скока, станува јасно зошто Тандер стигна до победа на гостински терен.

Останати резултати:

Јута Џез – Сан Антонио Спарс 125:105

Индијана Пејсерс – Кливленд Кавалирс 105:90

Атланта Хокс – Шарлот Хорнетс 120:129

Њујорк Никс – Торонто Репторс 99:104

Бостон Селтикс – Лос Анџелес Клиперс 112:123

Чикаго Булс – Вашингтон Визардс 125:134

Мемфис Гризлис – Њу Орлеанс Пеликанс 99:90

Милвоки Бакс – Орландо Меџик 83:103

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе