Непознат сторител со закана со пиштол се обидел да ограби менувачница лоцирана кај Авто-мото сојузот на Македонија во Скопје.
Случајот го пријавила С.В. до Единицата за известување и командување Скопје. Кога вработената почнала да вика за помош, сторителот избегал во непознат правец, известуваат од МВР.
Полицијата презема мерки за пронаѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.