Со векови владеат со човековата судбина: Ова се најпознатите светски чудовишта

Нашите предци секоја необјаснива појава ја припишувале на митолошки суштества и чудовишта, а оваа практика преживела до денес, но во малку поинаква форма. Ова се чудовиштата од сите краеви на светот кои предизвикувале страв и несреќи низ историјата.

Веројатно мислите дека не верувате во чудовишта и сигурно не се плашите од нив. Сепак, митските чудовишта се многу важни за нашиот поглед на светот. Низ вековите, секогаш кога луѓето ќе наиделе на научен или природен феномен што не го разбирале, измислувале чудовиште што го објаснува тоа.

Земете го за пример фосилот. Пред околу две илјади години, скитските рудари ископале злато во пустината Гоби. Пронашле скелет чиј клун, канџи и широки коски на скапулата наѕирале од песокот. Не можеле ни да го замислат суштеството на кое му припаѓале овие остатоци, па за затоа измислиле едно токму такво - грифинот. Овој полу орел-полу лав бил жесток чувар на скриеното злато.

На другиот крај од светот, чудовиштата биле објаснување и причини за земјотресите. Северноамериканските индијански племиња раскажувале за големите битки што ја раскинувале и треселе земјата, а за нив бил одговорен А'јахос (A'yahos), чудовиште кое се претвора во џиновска змија. Местата споменати во приказните го следат раседот на Сиетл, кое е навистина силно трусно подрачје во Северна Америка. Благодарение на приказните, научниците успеале да датираат одредени геолошки настани и антички земјотреси на оваа територија.

Во Јапонија, земјотресите му се припишувале на џиновски сом по име Намазу, кој ја тресе земјата при секое негово движење. Всушност, сè уште постои верувањето дека обичниот сом може да предвиди земјотрес. Иако е дел од фолклорот и традицијата, научните истражувања делумно го поддржаа ова верување. Денес сомот го краси логото на јапонскиот систем за рано предупредување на земјотрес.

Иако повеќето митолошки суштества од старите светови веќе не нè плашат, ние сепак и понатаму измислуваме чудовишта како одговор на некои современи проблеми. Во текот на 2019 година, хибрид од жена и кокошка, Момо, се појави на интернет, ширејќи страв со својата наводна можност да ги доведе децата до самоубиство преку онлајн предизвик. Исто така, многу деца одговорија на Tide Pot предизвикот, кој вклучуваше јадење отровен детергент за перење алишта. Чудовишта кои некогаш демнеа под мостовите, сега се прикрадуваат на социјалните мрежи.

Сè додека ги испитуваме границите на познатиот свет, ќе нè прогонуваат чудовишта што самите ги создаваме.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе