Уметникот Дејвид Боуен создаде инсталација во која филодендрон користи роботска рака за да управува со мачета и ја нарече „Plant Machete“.

Како што сугерира името, домашното растение има моќ да ракува со голема мачета. Иако ова изгледа како дело од научна фантастика, но креативниот интерес на уметникот за роботиката кулминираше со контролен систем кој „ги чита и користи електрични звуци пронајдени во жив филодендрон“.
Растението делува како мозок на роботската рака и одредува како мачетата се ниша, прободува и го сече просторот околу неа.
Филодендронот е зацврстен на ѕид, а на листовите Боуен прикачил сензори. Листовите потоа испраќаат сигнали до специјално развиен софтвер кој ги пресликува движењата на зглобовите на роботската рака и мачетата.
Боуен ја снимил својата инсталација во акција и луѓето го гледаат роботот како се движи со чудење знаејќи дека секое негово дејство не е диктирана од луѓето или вештачката интелигенција, туку од домашно растение.
„Со роботика, прилагоден софтвер, сензори и податоци, конструирам уреди и ситуации кои се движат кон поврзување со физичкиот, виртуелниот и природниот свет“, вели овој уметник.
„Уредите што ги конструирам често играат улоги и на набљудувач и на креатор, обезбедувајќи ограничени и механички перспективи на динамички ситуации и живи системи... Феноменолошките резултати се соработка помеѓу природната форма или функција, механизмот и уметникот“, заклучи тој.