Вкусни солени палачинки од компир и шунка, идеални за целото семејство.
Потребни состојки:
- 1 кг компир
- 200 г брашно
- 200 мл млеко
- 100 мл минерална вода
- 2 јајца
- 250 г шунка
- 2 чешни лук
- сол, бибер
- магдонос
- масло
- лажица сув зачин
Начин на подготовка:
Компирот излупете го, па ситно изрендајте и исцедете од течноста. Додадете брашно, млеко и шунка, исечена на ситни коцки. Во смесата додадете ги изматените јајца, малку сол, исечкан магданос, изгмечен лук и сув зачин на крајот додадете минерална вода.
Во загреана тава додадете малку масло и рамномерно, во облик на палачинки, истурете од смесата. Палачинките пржете ги на двете страни, додека не добијат златна боја.
Послужете ги со салата по ваш избор.