ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Солскјер се жали: Имаме 7 натпревари во 21 ден

Манчестер Јунајтед во понеделникот вечер играше дерби на гости кај Челси, а веќе денеска има ново гостување, кај Бриж во Лига Европа.

„Два дена опоравување не е многу, тоа за нас е голем удар. А моравме да се подготвиме за овој натпревар. Имаме 7 натпревари за 21 ден почнувајќи од понеделник и завршуваме против Сити. Имаме многу играчи, а тука сме 19. Неколкумина од младинците не допатуваа“, се жали тренерот Оле Гунар Солскјер на згуснатиот распоред.

„Со сите овие натпревари што ни следуваат, ќе мора да ги ротирам играчите. Игало е еден од оние кои би можеле да стартуваат денеска“.

Нигерискиот репрезентативец Одион Игало дојде во Јунајтед како последно засилување зимава. Против Челси го запиша своето деби, но ги одигра само последните моменти.

„Игало е поинаков тип на напаѓач. Веќе на тренинг видовме дека си ја знае работата, знае како да игра како центарфор и е неверојатно професионален“.

Солскјер вечерва не може да смета на повредените Маркус Рашфорд, Пол Погба и Скот МекТоминај.

„Ќе биде тешко за Рашфорд да игра на ЕУРО. Му треба време. Се надевав дека ќе се опорави побрзо отколку што изгледаше дека ќе треба. Ќе биде во аут уште неколку месеци, дефинитивно“.

„Пол сѐ уште не бил дел од тренинг сесија со тимот. Зависи од тоа како се чувствува, или пак од тоа кога ќе се чувствува подготвен да тренира. Но, сега не е ни блиску до тој потег“.

Натпреварот на „Јан Брејдел“ стадионот во Бриж почнува во 18.55 часот, а ќе го суди Белорусинот Алјаксеј Кулбакоу.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе