Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 41°C. UV=10
Во Скопје, сончево и многу топло со со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 37°C.
Подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40°C поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.