Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, а во почетокот на наредната работна недела се очекуваат и натпросечни дневни температури.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 25 степени.