Македонија

Сончево со температура до 11 степени

23. јануари 2020 - 8:07 | МИА

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -7 до 0, а дневната од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 7 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. В недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Коментирај