Сопругот на Јанкулоска именуван за претседател на Инспекцискиот совет

Со одлука на Владата, потпишана од вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, Влатко Илиевски, сопругот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет. Одлуката на Владата е објавена во „Службен весник“.

Сопругот на Јанкулоска претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската берза за хартии од вредност.

Потоа Илиевски беше избран за в.д. претседател на оваа институција, а сега и официјално застана на чело на Инспекцискиот совет. Оваа должност го става во позиција да биде прв човек на 28-те инспекциски служби.

Поради тоа што неговата сопруга се соочува со неколку истраги во кои е осомничена за дела што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јавноста веднаш реагираше дека станува збор за очигледен непотизам. Покрај тоа, се поставува и прашањето дали можеби нема да стане збор за судир на интереси доколку СЈО во истрагите за неговата сопруга, побара информации од споменатите Државни инспекторати, на коишто сега шеф им е токму Илиевски.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе