Соработка со Грција за конзервација и реставрација на византиското наследство

Во работна посета на земјава од денеска до 4 април престојува делегација од Грција – Флора Карагијани од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) и Марија Мерцани, раководителка на Дирекцијата за конзервација на антички и современи споменици.

Тие денеска имаа средба со министерката за култура Ирена Стефоска на која, меѓу другото, беше иницирано потпишување меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици.

– На средбата беше потврдена отвореноста за конкретна соработка помеѓу двете пријателски земји со особен фокус на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита, како и академска соработка и изработка на трудови. На средбата беше договорено дека соработката ќе се формализира оваа пролет, а некои од заедничките проекти ќе може да почнат веќе оваа година, соопшти Министерството за култура.

По средбата во Министерството за култура, делегацијата од Грција ќе ги посети и Археолошкиот музеј, Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола, црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново и црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Како што информира Министерството за култура, за време на посетата тие ќе разговараат со наши експерти за можностите за соработка, размена на идеи и обуки на млади лица во заштитата на културното наследство, односно заштитата на византиските и поствизантиските споменици на културата.

Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици е управуван од Одбор составен од седум члена назначени од страна на Министерството за култура и спорт на Република Грција.

– Центарот има поширок спектар на дејствување, кој опфаќа организирање курсеви и обуки, доделување стипендии за научни студии или учество во научно-истражувачки проекти, учество во национални или меѓународни програми за научно истражување и технолошки развој, учество во научни активности и мисии на меѓународните организации, како и изработка и објавување на научни студии и други релевантни научни активности, наведува Министерството за култура.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе