Состојба со COVID-19 во светот

Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од COVID-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.

Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.

Досега се излекуваа 19.337 пациенти.

Германија: Над 103 илјади заразени, 1861 смртен случај

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 4.003 во изминатиот ден и достигна 103.228. Тоа е зголемување за втор последователен ден по пад од четири дена, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 254, на 1.861 човек.

Бугарија: Во изминатите 24 часа – 16 заразени, вкупно 581

Вкупно 581 потврдени се случаите на заразени со новиот коронавирус во Бугарија, излекувани се 42. Тоа беше објавено на редовниот брифинг од претседателот на Националниот оператривен штаб, генерал-мајор проф. Венцислав Мутафџиски.

Во последните 24 часа, новите случаи се 16, од кои шест се хоспитализирани, јави БТА.

Вкупниот број на смртни случаи во земјата е 23 лица – просечна возраст од 65 години.

САД: Повеќе од 12.000 смртни случаи, над 400 илјади заразени

Бројот на смртни случаи од COVID-19 во САД надмина 12.000, додека 400.000 се заразени и повеќе од 20.000 се опоравиле.

Вкупно 400.540 луѓе биле заразени во САД, додека 12.857 лица починале, а 21.711 се опоравиле.

Во Њујорк, најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата е регистриран вчера- регистрирани се 731 нови смртни случаи и вкупниот број на смртни случаи се искачи на 5.489.

Бројот на починати во понеделникот беше 731, што претставува зголемување од 599 смртни случаи претходниот ден, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, на прес-конференција. з

Нови 19 случаи со коронавирус вчера во Косово, вкупно 184 заразен

Во текот на вчерашниот ден во Косово се регистрирани шест случаи на излекувани од новиот коронавирус, како и нови 19 носители на вирусот, со што  официјалната бројка на заразени од COVID-19 во земјата достигна до 184, објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК).

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во вторникот во лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК се тестирани примероците на 259 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.352.

Во Северна Кореја нема COVID-19, 500 луѓе во карантин

Во Северна Кореја, една од ретките земји во светот што нема пријавено случаи на корона вирус, велат дека се тестираат и дека повеќе од 500 лица се ставени во карантин, изјави претставник на Светската здравствена организација за таа држава, Едвин Салвадор.

Тој додаде дека Северна Кореја има капацитет да изврши тестови за коронавирусот во националната референтна лабораторија во Пјонгјанг.

Салвадор во одговор на е-пошта до британски медиуми рече дека заклучно со 2 април, 709 лица, меѓу кои и 11 странци, биле тестирани.

„Нема извештаи за случао заразени со Ковид-19. Има 509 лица во карантин – двајца странци и 507 државјани на Северна Кореја“, наведе Салвадор.

Тој рече дека заклучно со 31 декември, 24.842 лица биле пуштени од карантин, од кои 380 биле странци. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе