Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука дека нема потреба од нови мерки за заштита и превенција од новиот сој на коронавирусот oмикрон.

Министерот за здравство, Венко Филипче заклучи оти епидемиолошката состојба е стабилна, а двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во однос на онаа недела претходно и во болниците има поголем број на слободни кревети.

– Гледаме дека некои земји преземаат некаква форма на рестрикција. Сепак, нашиот заклучок е дека остануваме со сегашниве мерки. Сè уште нема доволно познати информации. Иако Светската здравствена организација укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив, сепак директорот на Американскиот институт за здравство д-р Колин вели дека и за тоа нема доволно информации. Можеби се тука некаде по степенот на преносливост со делта сојот. Сметам дека рестрикција во однос на затворање на граници на секој што доаѓа од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што очигледно се детектирани во некои европски земји и досега видовме дека кога нов сој ќе се појави едноставно не може да се спречи, да остане ограничен на една територија каде било во светот. Очигледно е дека соеви ќе се јавуваат и понатаму, така што остануваме со овие мерки коишто сметаме дека се добро димензионирани. Се става акцент на вакцинацијата. Ако некој не е вакциниран може да патува со ПЦР-тест, изјави Филипче по состанокот на Комисијата.

Додека во државата состојбата е стабилна, министрите за здравство на земјите од Г7 вчера одржаа итен состанок на кој дискутираа за ширењето на новиот сој на коронавирусот, а дел од земјите започнаа и со воведување на нови мерки. Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди оти новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо.

Во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Министерството за здравство направени се 1245 тестирања, регистрирани се 118 нови случаи со COVID-19, 18 починати и 396 оздравени пациенти.

Вкупно се аплицирани 1.694.373 дози вакцини, а ревакцинирани се 794.666 граѓани, трета доза вкупно примиле 70.937 граѓани. Со една доза вакцина се вакцинирани 58 проценти од полнолетното население, додека со две дози вакцинирани се 47 отсто. Од вкупниот број население, една доза имаат примено 39 проценти од граѓаните, додека со две дози се вакцинирани 38 отсто.

Министерот Филипче на својот Facebook профил напиша дека согласно препораките од СЗО, вакцинацијата против COVID-19 е побезбеден начин да се помогне во градењето заштита отколку да се заразиме или разболиме.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Pfizer мора да ја адаптира својата вакцина против коронавирус на новиот сој во рок од сто дена.

-Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус, изјави претседателката на ЕК и додаде дека Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.

И состојбата во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Царовска истакна дека бројките се исти како и во изминатите недели, односно не е забележан раст на КОВИД-позитивни ученици.

-Процентот на новозаразени според дневните статистики, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број активни случаи во училиштата не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физичко присуство, соопшти министерката.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на COVID-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а на активни случаи изнесува 8.096. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе