Совети како да ги спречите другите да манипулираат со вас

Ако имате чувство дека некој ја искористува вашата љубезност, добрина или љубов, веројатно сте во право. Токсичните луѓе се насекаде и колку порано станете свесни за нив, толку подобро. Воопшто не е тешко да направите разлика меѓу оние кои се на ваша страна поради нивни лични интереси и оние кои навистина ве сакаат.

Манипулативните луѓе ќе се обидат да ве убедат да правите работи за нив, ќе се потрудат да ве убедат дека околу тоа нема дискусија. Но, вистината е дека не мора да правите ништо поради што ќе се чувствувате непријатно, дури ни кога тоа од вас го бара некој кој го сакате. Ако чувствувате дека некој ве искористува, веројатно сте во право.

Токсичните луѓе доаѓаат во различни облици и величини, тоа можат да бидат ваши колеги, соседи, родители, добри пријатели, роднини. Ако некој од вашето опкружување секогаш се обидува да извлече нешто од вас и прави да се чувствувате безвредно, станува збор за манипулатор.

Еве неколку совети како да се изборите со овие луѓе:

1. Престанете цело време да велите „Да“

Научете да кажете „Не“ на луѓето, не мора секогаш да се сложувате со сите, особено не да им правите услуги, ако тоа на некој начин ве вознемирува. Преземете контрола, никому не должите.

2. Бидете свесни дека ги имате сите права што ги имаат и луѓето околу вас

Не сте должни да правите нешто за кое не сте расположени, тоа што вие го сакате и како вие се чувствувате има еднаква тежина како желбите  и чувствата на луѓето околу вас.

3. Не дозволувајте другите да ви набијат чувство на вина

Тоа што повремено велите „Не“ не ве прави лоша личност. Кога одбивате некому да направите услуга или да му излезете во пресрет за тоа имате лични причини, а таа личност тоа мора да го уважи. Без разлика дали ѝ се допаѓа тоа или не. Мора да си бидете важни сами на себе барем колку што ви се важни саканите.

4. Дистанцирајте се од таквите луѓе

Ако личноста со која имате проблеми не покажува ниту најмала намера да го промени однесувањето, дистанцирајте се. Колку повеќе, толку подобро. Немојте да го трошите вашето време на луѓе кои сакаат само да ве искористат.

5. Бидете отворени

Вашите зборови треба да имаат тежина. Кажете како се чувствувате, јасно и гласно, и останете на тоа. Нема причина да ви биде непријатно. Штом еднаш го кажете вашето мислење веднаш ќе се чувствувате подобро.

6. Не обрнувајте внимание на постојаното жалење

Вештите манипулатори вечно им се жалат на другите, за сè. Никому не му е така тешко како ним, никој не ги разбира и слично. Останете на своето и следете ја сопствената интуиција, за ваше добро.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе