Советот на Европа предупреди за биотероризам по пандемијата на COVID-19

Советот на Европа предупреди за евентуално зголемување на употреба на биолошко оружје, како што се вируси или бактерии, во иднина.

Експерти за безбедност при Советот за Европа денеска истакнаа дека глобалната здравствена криза може во иднина да ја зголеми употребата на биолошко оружје од страна на терористи.

– Пандемијата на COVID-19 покажа колку е ранливо современото општество кон вирусни инфекции и нивни ефекти, се наведува во соопштение на Комисијата за борба против тероризмот при Советот на Европа.

Според експертите, нема причина да се верува дека терористичките групи ќе ги заборават поуките од оваа пандемија, додавајќи дека „штетите ќе бидат брзи и потенцијално глобални“.

Германските безбедносни агенции сè уште не откриваат дали се во тек такви напади, се додава во соопштението.

Намерната употреба на причинители на болести, како што се вируси или бактерии, со цел да се изврши терористички напад, „може да биде исклучително ефикасна“.

Штетите за луѓето и економиите можат да бидат „значително поголеми“ од оние на „традиционалниот“ терористички напад.

Експертите упатија апел до европските земји да реагираат посилно и координирано на оваа закана.

Тие конкретно ги повикаа 47-те земји членки на Советот на Европа да се подготват за борба против напад со биолошко оружје, учествувајќи во вежби за да ја разработат ситуацијата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш минатиот месец изјави дека постои зголемена опасност од напади на биотероризам, чија цел е создавање пандемија слична на COVID-19. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе