Ракот ќе ви даде сè што може да посакате во врската, тој отсекогаш верува дека бајките се вистинити и дека двајца луѓе може да живеат среќно засекогаш.
Ракот бара стабилност, иако живее и за авантури. Сака да истражува, да игра, да биде со некој кој се чувствува пријатно во сопствената кожа, личност со која може да расте.
Неговата партнерка треба да биде сензитивна, тој не бара некој да ги лечи неговите рани туку му е многу важно дека може да има доверба во личноста до себе.
За вас ќе даде сè што има, а за возврат му е потребно многу малку за да биде среќен. Доволно е да биде почитуван и сигурен во луѓето кои ги сака.
Ракот е често креативен и се истакнува по тоа, многу е внимателен во односот со другите луѓе. Еднаш штом ве прими во неговото срце секогаш ќе ве има на ум.
Иако сака да биде спонтан, Ракот не е по краткотрајни авантури бидејќи себеси се чува како подарок за посебна личност во неговиот живот.