Може да биде тешко да се соберат мотивација и енергија за вежбање. Можеби и сте пробале сѐ – смути пред тренинг, мешавини од протеински прав и суплементи.
Меѓутоа, според д-р Мајкл Мозли, клучот за да го „напумпате“ вашето тело пред да одите во теретана е нешто што веројатно веќе го пиете секојдневно, а тоа е кафето.
Навикнати сме наутро да го пиеме овој моќен пијалак за да се ослободиме од поспаноста. Како што се испостави, вашиот утрински пијалак има и други намени за кои можеби не сте знаеле.
„Ќе направам нешто што би требало да ја зголеми мојата будност, да ми го подобри расположението, па дури и да го подобри утринскиот тренинг“, им рече Мозли на слушателите во епизодата од неговиот подкаст на BBC „The One Show“, пред да испие кафе.
Не само што една чаша ќе го поттикне вашиот мозок, туку и вашето тело.
„Изненадувачки, пиењето кафе не само што нѐ зајакнува ментално, туку се покажа дека ги подобрува нашите перформанси на различни други начини“, додава тој.
Ова вклучува зголемување на количината на маснотии што ги согорувате додека вежбате и ја подобрувате вашата издржливост за да можете да продолжите.
Но, запомнете, кафето никако не смее да го пиете на празен стомак.