СП 2018: Бесен навивач фрли телевизор од тераса по поразот на Аргентина
Репрезентацијата на Аргентина на големо разочарување го заврши учеството на Светското првенство во Русија, веќе после елиминација во осмина финалето.
Аргентинците со големи маки ја поминаа групната фаза, меѓутоа потоа беа поразени од Франција со 4:3 во исклучително возбудлив меч во Казањ.
Гаучосите тешко го поднесоа поразот, уште потешко тоа им падна на навивачите, а еден од нив покажа колку е бесен поради елиминацијата.
Имено, навивач од Кордоба по завршувањето на натпреварот излезе на тераса и го фрли телевизорот на улица - нешто што на многумина им паѓа на памет во моменти на најголема нервоза.