Спасувачка вежба во Мрежичко, Ангелов на јаже преку клисура

Голема важба за спасување се реализираше денеска во кавадаречкото село Мрежичко, во организација на Спелеолошката федерација. Во нејзини рамки, присутните, меѓу другото, имаа можност да го видат директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на јаже преку клисура, длабока триесетина метри.

– Денеска алпинист падна од карпа висока 80 метри. Целиот искршен, остана да виси на висина од околу 40 метри. За среќа, ова е само дел од сценариото на вежбата. Восхитен сум од љубовта којашто ја видов кај вас, им се обрати Ангелов на членовите на спасувачките тимови.

Тој нагласи дека е восхитен од нивната љубов кон височините, карпите, алпинизмот, но најмногу кон човечкиот живот.

Во знак на почит и восхит, додаде тој, но и во знак на довербата што ја има кон нив, денеска лично се спушти по јажиња што тие ги нарекуваат жичари.

– За да покажам дека целосно ви верувам и дека мојот живот можам да го дадам во ваши раце. Со тоа, со личен пример покажувам дека имам целосна доверба во вас. Ви благодарам за вашата жртва и посакувам успешна вежба. Да продолжите да вежбате и усовршувате вашите вештини, а ние како држава да помогнеме во вашето опремување, мислам на спелеолошката федерација, а потоа и дел од вас да станат дел од државниот тим за спасување во тешко пристапни или непристапни терени, нагласи Ангелов.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, чии единици исто така учествуваа на оваа вежба, Беким Максути исто така изјави дека му е чест да биде пред спасувачките тимови.

– Мислам дека сме на добар пат да почнеме да ги помрднеме работите кон позитивно. Двете институции се секогаш отворени за соработка со вас. Затоа што сите ние имаме една цел. Целта ни е, хуманоста. Целта е да бидеме на ниво на задачата, таму кадешто секогаш ќе се помогне на лицата на кои им е потребна помош и поддршка. Целта е секогаш да бидеме што е можно повеќе подготвени, нагласи Максути.

Раководителот на спасувачката служба, Дарко Неданоски информираше дека вежбата е со цел да се презентира професионалниот однос во работата и посветеноста за воспоставување на државна спасителна служба.

– Неопходно е да имаме ваква спасителна служба што ќе биде постојано на располагање, за безбедност за сите. На вежбата учествуваа педесетина учесници од различни здруженија и организации кои се занимаваат со спасување. Спелеолози, алпинисти, нуркачи, спортски качувачи, параглајдеристи и различни други професии блиски до планинските спортови. Целта ни е да се оформи еден државен систем и сите здруженија да функционираат како едно, рече Неданоски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе