Според Груби, Русија е виновна за инфлацијата, нередите во Собранието, Коридорот, а поттикнува и меѓуетнички тензии и блокади

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска ја отвори годишната владина конференција упатувајќи низа критики и обвинувања на сметка на Русија за политичките состојби во Македонија.

Според Груби, во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици, кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, а само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.

Груби ја обвини Русија за предизвикување проблеми од нередите во Собранието на 27 април до опструкции на Коридорот 8, мешање во работата на верските заедници, европските интеграции.

„За време на нередите во Собранието, таму имавме Русин, кој ја поттикна целата ситуација за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и од Захарова. Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека тие биле против Договорот од Преспа, против каков било договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Грција. Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас“, рече Груби.

„Безбедносната криза, енергетската криза, ценовната криза и инфлацијата имаат само едно име – Русија и нивната воена агресија врз Украина и последната војна во Европа по Втората светска војна од тие размери. Имаше протести против Договорот за добрососедство со Бугарија, кои беа поттикнати од руски елементи во нашето општеството. Можеби сите ќе помислите дека претерувам, но досега не испаднало нешто погрешно од тоа што сме рекле“, додаде.

Првиот вицептемиерот рече дека најголемиот инфраструктурен проект во земјата се коридорите 8 и 10 Д, проект што со години беше опструиран од Русија, од руски компании.

„Изгубивме една година токму поради руска компанија, која влезе во постапката и го наруши целиот процес. Дали има руско влијание во нашите верски заедници – одговорот пронајдете го сами. Дали има руско влијание во медиумите – одговорот го знаете, дали има руско влијание во невладините организации? Има руски елементи што прават сè што е можно за да нарушат прогресивно парламентарно мнозинство и коалиција, која сака да ја види оваа држава членка на НАТО и на ЕУ и е во вековно пријателство со САД“, рече Груби.

Денес, рече Груби, нашата заедничка држава е членка на НАТО, има отворени преговори со Европската Унија, е во стратешко партнерство со САД, има отворени врати во сите земји членки на ЕУ, претседава со ОБСЕ.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Read more

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Read more

Јаневска: Новиот закон нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите

Read more

Холандија донира специјализирани возила за МВР за превоз на мигранти и затвореници

Read more
 

Вести

Русија објави мапа на локации во Европа: Ова се мети. Спијте мирно, партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најсмртоносните руски напади врз Украина: Најмалку 17 мртви

Читај повеќе

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Читај повеќе

Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека

Читај повеќе

Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Читај повеќе

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Читај повеќе

Британскиот совет ќе стане Национална агенција за Еразмус+

Читај повеќе