Србија се подготвува за најлошото КОВИД сценарио

Во привремената КОВИД болница во Белградската арена се сместени првите пациенти, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар по состанокот со директорите на КОВИД болниците.

Се зголемува бројот на лица заразени со коронавирус, но исто така и бројот на пациенти во болница, изјави денеска министерот Лончар, објави b92.net.

Пополнетоста на капацитетот на КОВИД болниците надмина 60%, затоа ја отворивме Арена, рече Лончар и додаде дека пациентите со полесна клиничка слика од болниците „Драгиша Мишовиќ“, КБЦ Карабурма, Бежанијска коса и Клиниката за инфективни болести ќе бидат префрлени во Арена.

Тој потсетува дека неопходните гасови се распределени во Арена и дека „во краен случај и најтешките пациенти ќе можат да се лекуваат таму“.

Лончар апелираше до сите граѓани да се пријават во КОВИД амбулантите навремено веднаш штом ќе се појават првите симптоми. Како што рече, се подготвуваат и КОВИД болници во Батајница и Крушевац, со по 1.000 места, во кои ќе работат над 1.000 здравствени и немедицински работници.

„Се подготвуваме за најлошото сценарио, следиме што се случува во регионот и Европа, мислам дека се опуштивме повеќе отколку што требаше. Србија сепак има добар резултат, но сè може да се промени ако не се почитуваат мерките. Апелирам до сите граѓани, да не си играме ‘мачката и глувците’ со мерките затоа што мора да размислуваме и за пациенти кои страдаат од други болести“, рече Лончар.

Тој изјави дека секоја индивидуа треба да се грижи за тоа што е најдобро за своето здравје и како да се заштити од коронавирусот.

Ќе има ли нови мерки?

На прашањето дали се размислува за воведување нови мерки, тој рече дека потребна е рамнотежа помеѓу мерките и функционирањето на државата.

„Ако сакате да обезбедите лекови, плати за вработените, нови болници, тоа не може да се постигне ако затворите сè. Не се мерките тие што ќе ја победат короната, тоа е нашата свест“, изјави министерот.

Тој потенцираше дека мерките нема да помогнат доколку граѓаните не разберат дека е важно да се придржуваат до нив, бидејќи така се штитиме себеси, но и другите.

„Не е реално дека сме толку неодговорни што некој треба да нѐ заклучи дома за да сфатиме што треба да сториме. Тоа беше потребно во време кога не знаевме доволно за самиот вирус“, заклучи тој.

Доаѓаат нови вакцини

Во наредниот ден или два, дополнителни количини на 50.000 дози увезена вакцина против сезонски грип ќе пристигнат во здравствените центри во Србија, вели министерот за здравство.

По состанокот со директорите на КОВИД болниците, тој пред новинарите изјави дека вакцините на „Торлак“ против сезонски грип во моментов се достапни во здравствените центри и дека се апсолутно безбедни. Тие можат да ги примаат граѓани на возраст од 18 до 65 години.

„Нашите камиони денеска одат по дополнителни количини, тоа се дополнителни 50.000 дози што треба да пристигнат во наредниот ден или два. После тоа, дополнителни количини ќе пристигнуваат на секои неколку дена“, рече Лончар.

Тој ги советува граѓаните кои сакаат да се заштитат од грип да се запишат во надлежниот здравствен дом да сакаат да се вакцинираат и ќе бидат повикани штом пристигне вакцината.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе