Среќни денови во јули за секој хороскопски знак: Нов почеток за Лавот, Овните нека уплатат лото

Јупитер, планетата на среќата, ќе почне да се движи ретроградно во јули, давајќи ни шанса сами да одлучиме каков треба да биде животот за нас.

Многу планети ќе сменат знак во јули, а не очекуваат многу интересни настани, а астролозите откриваат кој ден од овој месец ќе биде најсреќен за секој хороскопски знак и зошто.

Овен

Вашиот најсреќен ден ќе биде 28 јули, кога Јупитер, планетата на среќата, ќе се движи ретроградно во вашиот знак. Ќе имате можности за нови работни места, патувања, но и големи шанси да добиете нешто на игрите на среќа.

Бик

Најсреќен ден за вас ќе биде 5 јули, кога Меркур ќе влезе во знакот Бик. Меркур е планета која владее со мислите и комуникацијата, па сега ќе ви биде многу полесно да изразите сè што сакате. Освен тоа, другите ќе бидат на иста „бранова должина“, па лесно можете да комуницирате и да смислите некои одлични идеи.

Близнаци

Најсреќниот ден за родените во овој знак е 4 јули. Многу ќе се потпирате на интуицијата, која ќе ви помогне да процените што е добро во секоја ситуација. Искористете го за да размислите за вашите најголеми соништа и нивното остварување.

Рак

Најсреќниот ден за Раковите е 17 јули. На тој ден Венера влегува во знакот Рак, а тоа е планета која владее со љубовта, но и со финансиите. Со други зборови, ќе биде одличен период за пари, но има убави моменти во љубовта, без разлика дали сте слободни или зафатени.

Лав

Најдобар ден за Лавовите во јули ќе биде 28. На тој ден младата Месечина ќе биде во знакот на Лав, па ќе имате можност за нов почеток. За тој почеток да биде успешен, треба да верувате во себе, а не да се саботирате поради некои грешки од минатото.

Девица

Најсреќниот ден за Девиците е 25 јули, кога ќе бидат особено активни во љубовта и романтиката. Со други зборови, вашите романтични соништа се остваруваат. Одличен период е за некои промени кои долго време ги посакувате, не само во врската, туку и во другите сфери од животот.

Вага

Вашиот најсреќен ден е 6 јули, кога особено ќе биде изразена вашата способност за успешно соочување со сите предизвици. Можеби ќе треба да донесете некои тешки одлуки за излегување од некои ситуации или прекинување на некои врски, но тие врски и ситуации не ве прават среќни долго време.

Скорпија

Најсреќниот ден во јули за вас е 31-виот. Уран, планета на неочекувани промени, ќе ви донесе нешто големо на љубовно поле. Баравте успех во кариерата или пари, поради што можеби малку ви настрада љубовниот живот, но сега ќе бидете чекор поблиску до остварување на вашите романтични соништа.

Стрелец

Најсреќниот ден во јули за Стрелците е 4-ти. Поголемиот дел од годината сте се фокусирале на кариерата и тоа некако ве оддалечило од она што е навистина важно и неопходно во вашиот живот. Сега ќе бидете полни со ентузијазам да го промените тоа, само не дозволувајте вашите сопствени стравови да ви пречат - ѕвездите се дефинитивно на ваша страна!

Јарец

Најсреќниот ден за вас е 13 јули, кога полната месечина ќе биде во вашиот знак. Сега ќе имате можност да видите што е добро во вашиот живот, а што не. Никогаш не е доцна да се промени нешто, да се остварат нови соништа.

Водолија

Водолиите ќе го имаат најсреќниот ден во јули на 28. Младата месечина во Лав им помага да започнат ново поглавје во приватниот живот. Зад вас стојат некои ситуации кои не биле многу лесни и убави, но сте научиле нешто од нив и подготвени сте да продолжите напред. Само обидете се да не се држите до премногу работи што не можете да ги промените, фокусирајте се на она што можете.

Риби

Најсреќниот ден за Рибите е 25 јули. Ве очекуваат некои нови можности на љубовно поле, но и некои профитабилни договори или покачување на работа. Не се задоволувајте со помалку отколку што заслужувате. Доколку во животот сте имале дилема за одредена личност, сега таа ќе се реши и ќе продолжите напред.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе