Српски државјанин дивеел на бензинска во Гевгелиско: Избодел сопственик на локал и се обидел да побегне

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови другари, прославувале раѓање на новородено дете во угостителскиот објект, на друга маса седел осомничениот со уште едно лице.

Двајцата под дејство на алкохол, започнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни. Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го прободел со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект. Со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин.

реклама

Хроника

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Read more

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more
 

Вести

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе