Стигнаа првите фотографии од американското летало на Месечината

Објавени се нови драматични фотографии од леталото Odysseus кое слета на Месечината минатата недела.

Фотографиите, заедно со огромен број податоци, се преземени само неколку часа пред да падне ноќта на јужниот пол на Месечината и да се изгасат батериите на лендерот.

Intuitive Machines, американската компанија која стои зад мисијата, рече дека сега ќе биде можно да се реконструира слетувањето за да се разбере како Odysseus завршил превртен на страна. Компанијата исто така откри дека лендерот би можело да „оживее“ за 2-3 недели кога Сонцето повторно ќе изгрее.

Сепак, големата непозната е дали батериите и електрониката ќе можат да ги преживеат температурите кои паѓаат под -200 степени Целзиусови.

„Нема пофалби. Само прослава“, рече ко-основачот на компанијата, Стив Алтемус, на прес-конференција во Хјустон.

На леталото му беа потребни две секунди да застане

Првата од фотографиите, направена кога лендерот го допре тлото, покажува дека барем едната нога му била скршена, а од моќта на ракетниот мотор се разлетуваат камења и прашина, пишува Sky News.

Друга фотографија го прикажува лендерот превртен на страна со темен елипсовиден кратер оддалечен околу 500 метри. Научниците веруваат дека кратерот би можело да е стар две милијарди години. Податоците од телеметријата покажуваат дека Odysseus првично слетал исправено, но потоа се превртел на блага падина.

Во услови на ниска лунарна гравитација, беа потребни околу две секунди да се запре. НАСА ѝ плати на Intuitive Machines 118 милиони долари за да однесе шест научни инструменти на Месечината. Сите испратија податоци, и покрај положбата на лендерот, а навигацискиот светилник сега е во функција, што ќе им помогне на идните слетувања.

„Мисијата беше првиот чекор кон враќање на Месечината“

Но, ласерскиот систем за навигација кој требаше да се користи за слетување не успеа да ја заврши задачата.

„Секако, тоа е нешто што можеме да го поправиме следниот пат“, рече Алтемус.

Компанијата беше под притисок да објасни зошто слетувањата биле помалку од совршени, кога со мисијата Apollo со далеку понесофистицрани летала Американците успешно слетаа шест пати во 60-тите и 70-тите.

„Имавме поинаков предизвик. Бевме ограничени на трошоците, со договор за фиксна цена од владата. Моравме да ја завршиме мисијата во точно одредено време. Оваа премногу ограничена средина принуди иновации, а ова беше првиот лет на нашето вселенско летало“, објасни Алтемус.

На заедничка прес-конференција, Intuitive Machines и НАСА дадоа оптимистичка оценка за досегашната мисија. Д-р. Џоел Керанс од НАСА рече дека мисијата е „првиот чекор кон враќање на Месечината“ и дека „од неа ќе произлезе многу знаење“.

Intuitive Machines планира втора мисија подоцна оваа година која ќе носи бушилица за пребарување на вода под површината на Месечината. Ќе има и „вселенска инка“ која ќе лета во длабоко засенчени кратери за кои научниците веруваат дека може да содржат големи количества мраз.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе