Стоби очекува олабавување на мерките за да го отвори археолошкиот локалитет и да ги реализира проектите

Поради состојбата со COVID-19 два и пол месеци локалитетот Стоби е затворен за посетителите, а Националната установа „Стоби“ трпи финансиски загуби. Оттаму очекуваат олабавување на мерките и повторно отворање, како и одобрение до средината на јуни или најдоцна до почетокот на јули да почнат со планираните проекти.

Лани археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 22.000 гости од кои 70 проценти биле странски. Годинава имало едвај стотина и тоа само во првите 2,5 месец, пред пандемијата.

Како што информира за МИА директорот на НУ „Стоби“, Спасе Перовски, Стоби ќе се соочи со тешка година што се однесува до средствата заработени од влезници и од летните школи, бидејќи сите Летни школи за годинава се откажани, информира Перовски.

НУ „Стоби“ од  Министерството за култура годинава доби 14,4 милиони денари.

Според Перовски, активности се планирани во скоро сите сектори, а реализацијата ќе зависи од многу фактори и не може да се предвиди колкава ќе биде.

Во областа на Заштита на недвижно културно наследство предвидена е конзервација и реставрација на дислоцирани мозаици од збирката на Стоби, тековно и партерно одржување на Стоби, археолошки доистражувања и изработка на основен проект за конзервација и реставрација на градба со арки, конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на Римскиот театар во Стоби, конзерваторско-реставраторски работи на полукружен плоштад и дуќаните на Виа Сакра, изработка на проект за конзервација на архитектонските остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедем и археолошки доистражувања на портата и југозападниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида.

Од Визуелни уметности се планира и изложба на Петар Хаџи Бошков, во Стоби, додека во делот инвестиции – проширување на видео надзор и алармен систем во Стоби, санација на ноќна илуминација на локалитетот.

Од Издавачка дејност се планира студија: Римскиот театар во Стоби – Студија за кавеата 2000-2019, во Музејската дејност археолошки истражувања на западната некропола во Стоби, конзерваторски истражувања на стаклени предмети од збирката на НУ „Стоби“, едукативен водич за деца („Стоби стар град“), конзерваторски истражувања и изработка на основен проект за заштита на метални предмети од збирката на Стоби.

– Наспрема минатата година посетеноста на Стоби е 100 отсто пониска заради COVID-19, очекуваме доколку се ослободат мерките, посета на гости пред сѐ од нашата држава. Странски гости оваа година тешко дека можеме да очекуваме. Минатата година имавме околу 22.000 гости од кои 70 проценти странски, информира Перовски.

Во Стоби од почетокот на годинава беше комплетно готов тикетинг системот за влез на локалитетот (соодветен софтвер за туристичка презентацијана археолошкиот локалитет), што беше реализиран преку лански проект од страна на Министерството за култура.

Перовски информира дека со стручниот тим во Стоби работат на подобрување на туристичката презентација на археолошкиот локалитет, на патеките за посетителите, нови информативни табли и пристапни точки од каде што најдобро можат да се разгледат објектите во Стоби.

Тој најави дека ќе се залага за оживување на древниот локалитет со нови културни настани и привлекување на домашни посетители кои досега ретко или воопшто не се запознале со убавините на Стоби.

Лани се работеше на археолошки истражувања и конзервација на Античкиот театар, Храмот на Изида, се конзервираше мозаикот од втората фаза во јужниот брод од Епископската базилика, а се правеше привремен покрив над Крстилницата што треба да ги заштити мозаикот и мермерната пластика.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе