Стотици загинати во силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи за време на земјотресот повеќето луѓе спиеле.

URL

Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата.

Најмалку 18 последователни потреси со магнитуда поголема од 4 степени се регистрирани по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

USGS објави дека забележал седум земјотреси со јачина над 5 степени.

URL

Најсилниот последователен потрес до сега се случил само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS. Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат со часови или дури и денови.

Remote video URL
URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе