Од Турција ни пристигнува приказната за еден страстен колекционер на мобилни телефони. Сахабетин Оџелик ги собира овие уреди веќе две децении, а досега има повеќе од 1.000 мобилни телефони во неговата колекција.
Тој повеќе од 20 години се занимава со поправка на мобилни телефони. Колекцијата би била уште поголема, но во 2018 година во неговиот дом влегле крадци и му украле околу 700 модели.
„Бев заинтересиран за мобилните телефони, па затоа ги поправав. Тогаш почнав и да ги собирам. Сите телефони од мојата колекција се функционални, а многу од нив веќе не се произведуваат“, вели Оџелик.
До мобилните доаѓал на различен начин – некои ги купувал, а некои му ги подарувале сопственици кои не сакале да ги користат или си купиле нови.
„Некои од моделите се многу ретки. Многу луѓе сакаа да ги откупат за голема сума на пари, но јас не сакам да ги продадам“, додаде тој.
„Не е лесно да ги одржувате, но се трудам да ги сочувам и да работат“, објасни тој.