Страв од корона: Зошто не треба со денови да се затворате дома?

Иако мерките за заштита од коронавирус налагаат да носиме маски и на отворено и да го ограничиме бројот на луѓе со кои сме во контакт, пасивното седење дома по цел ден, особено ако домот е и ваша канцеларија во моментов, може да биде лошо за вашето ментално здравје.

Д-р Џо Даниелс, клинички психолог специјализиран за анксиозност и замор, објасни што може да се случи ако ги поминете деновите заклучени во вашите четири ѕида - во страв да не се заразите и во општа вознемиреност од целата ситуација.

„Нормално е дека не сакате да излегувате, не грижете се. Во овој период од годината и онака обично одиме во хибернација. Затоа, разумно е да се повлечеме во затворени простори“, вели таа.

Влијание врз менталното и физичкото здравје

Сепак, како и другите експерти, таа верува дека треба да ги „полните батериите“ на свеж воздух секој ден. Проблемите со менталното здравје главно произлегуваат од неисполнување на нашите основни потреби. Ако престојуваме премногу долго време затворени дома тоа значи дека немаме пристап до некои работи што ни требаат - и не само што ќе страда ментално, туку последици ќе трпи и физичкото здравје.

Како што вели Даниелс, физичката активност е клучна за менталното и физичкото здравје, бидејќи ни помага да се ослободиме од стресот и вознемиреноста, а исто така ослободува ендорфин и не прави поспособни да одговориме на евентуалната инфекција.

Исто така, многу е важно, колку и да е потешко, да го одржите оној контакт „лице в лице“ барем со луѓето од вашите најтесни кругови.

Ние сме социјални суштества на кои тоа им е потребно, но друга причина е што разговорот со другите ни дава нова перспектива за одредени ситуации. Колку подолго поминувате дома, толку повеќе ќе се фокусирате на некои од вашите грижи и проблеми, а тоа не го одвлекува вниманието од целата ситуација.

Даниелс нагласува дека рамнотежата е важна.

„Ако другите премногу ве ‘напнуваат’ да излезете од дома, а вие не сакате, тоа може да има спротивен ефект и менталното здравје може да ви се влоши. Затоа, преземете мали чекори, ако сте долго време дома, одете на кратка прошетка. Зголемувајте го темпото со тек на време. Најдете рамнотежа помеѓу тоа да бидете затворени во четири ѕида и да излегувате надвор.“

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе