Студенти од Куманово снимија долгометражен филм во услови на пандемија

Претходната година беше полна со предизвици и непредвидливи работи поради пандемијата со коронавирусот, но тоа не беше пречка за група млади луѓе од Куманово да ги остварат нивните соништа. Студентот Николај Павловски, кој инаку студира во Русија, во партнерство со Марко Јовановски и десетици млади, го снимија долгометражниот филм „Приказ“.

Николај Павловски презеде сериозен подвиг за да го сними овој филм кој трае 150 минути и е снимен во време на пандемија, со сите ограничувања и мерки на претпазливост. Станува збор за психолошки трилер драма кој се случува во време на пандемија.

Актерската екипа брои 20 актери и уште 20 лица во продукција. Филмот „Приказ“ е сниман на повеќе локации низ Куманово, Крива Паланка, Охрид, Струга и во околините на овие градови. Иако аплицирале за финансиска поддршка во Министерството за култура, истата не ја добиле, но добиле поддршка од Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски кои обезбедиле простории за снимање и реквизити.

Авторската музика на „Приказ“ е на Јован Цветковиќ, и авторски песни чиј автор е Јаков Мициќ, познат како Керала.

Павловски вели дека идејата за снимање филм и впуштање во ваков проект дошла сосема спонтано.

„Водевме еден разговор преку телефон јас и Марко Јовановски и буквално додека зборувавме дојдовме до смислување на кратка приказна која подоцна ни беше водич за пишување сценарио. Се разбира, јас и мојот колега Марко, неколку години се занимаваме со аматерски филм, меѓутоа сега се решивме на ваков поголем и решителен чекор, да изработиме долгометражен игран филм“, вели тој.

Тој вели дека им било уште поинтересно што филмот е снимен во време на пандемија, им претставувало дополнителен предизвик за снимање, но ги почитувале сите мерки и затоа ниту еден од екипата не се заразил за време на снимањето.

Во филмот се зборува на кумановски дијалект за да биде поавтентично заради самото дејство во филмот бидејќи и тоа се случува во Куманово, вели Павловски.

Екипата е составена од 20 глумци од различни етнички заедници. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе