Студија откри на која возраст е најдобро да се откажете од пушењето

Новото истражување покажа дека луѓето кои се откажале од пушењето пред да наполнат 35 години имаат слична стапка на смртност во одреден временски период како оние кои воопшто не пушеле.

Резултатите, исто така, покажуваат дека оние кои се откажале од пушењето на подоцнежна возраст сè уште имале значителни придобивки, но нивната стапка на смртност ја надминува онаа на оние кои се откажале пред да наполнат 35 години.

На пример, поранешните пушачи кои се откажале од пушењето на возраст од 35 до 44 години имале 21 отсто поголема стапка на смртност од која било причина, во споредба со луѓето кои никогаш не пушеле цигари. Луѓето кои се откажале од пушењето на возраст од 45 до 54 години имале 47 отсто повисока стапка на смртност од сите причини од луѓето кои никогаш не пушеле.

Авторите на студијата изјавија дека пушењето е поврзано со најмалку двојно поголема стапка на смртност од сите причини.

„Прекинувањето со пушење, особено на помлада возраст, беше поврзано со значително намалување на релативната прекумерна смртност поврзана со континуираното пушење“.

Ова е трето големо истражување кое сугерира дека 35-тата година од животот може да биде оптимална возраст за откажување од пушење, особено за младите пушачи, рече Џон П. Пирс, почесен професор на Катедрата за семејна медицина и јавно здравје на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Анализата во оваа студија опфати податоци од повеќе од 550.000 возрасни лица кои пополниле прашалници помеѓу јануари 1997 и декември 2018 година и биле на возраст меѓу 25 и 84 години во времето на истражувањето што се користеше за следење на здравјето на жителите на САД.

Овие податоци вклучуваа луѓе кои никогаш не пушеле (помалку од 100 цигари во текот на нивниот живот), поранешни пушачи и сегашни пушачи.

Според Националниот индекс на смртност, скоро 75.000 од овие испитаници починале до крајот на 2019 година. Во споредба со оние кои никогаш не пушеле, пушачите покажале значително повисоки стапки на смрт од сите причини, како и повисоки стапки на смртност од рак, срце болест и белодробна болест.

Белците од нехиспанско потекло кои биле пушачи имале највисока стапка на смртност од сите причини. Прајс нагласи дека резултатите не потсетуваат дека намалувањето на интензитетот, односно бројот на испушени цигари дневно, треба да биде една од целите на програмата за контрола на тутунот.

„Прекинувањето со пушење беше поврзано со значително намалени ризици за сите групи“, додаваат авторите на студијата.

Поточно, оние кои се откажале од пушењето до 45-та година го намалиле ризикот од прерана смрт до 90 проценти, а оние кои се откажале од пушењето пред 35-тата година имале стапка на смртност многу слична на онаа на луѓето кои никогаш не пушеле, пренесува ScienceAlert.

Рокот од 35 години може да биде потенцијално мотивирачки за младите пушачи кои планираат да се откажат од пушењето, додаде Прајс.

Исто така, треба да се нагласи дека не се губи сè по 35-тата година - студијата исто така сугерира дека откажувањето од пушење на постара возраст сепак го намалува ризикот од смрт, но не во толку значителна мера.

Истражувањето има и одредени ограничувања, бидејќи, на пример, податоците за навиките за пушење биле собрани во еден конкретен момент, а овие испитаници можеби подоцна почнале или престанале да пушат. Сепак, студијата сугерира дека откажувањето од пушење значително го намалува ризикот од рана смрт - особено ако тоа го правите млади.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе