Суд во Солун ослободи македонски државјанин уапсен под сомнение за трговија со дрога

Суд во Солун прогласи за невин и ослободи 38-годишен државјанин на Северна Македонија, уапсен во јануари годинава под сомнение дека тргувал со дрога, поради што му беше одредена и мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.

На 26 јануари годинава, 38-годишнкиот бил уапсен во рурален дел во близина на Кукуш, откако нелегално и пеш влегол во Грција, при што, според полицијата, поседувал 827 грама хероин.

Уапсениот, кој веројатно е овчар, уште од првиот момент негирал дека има каква било поврзаност со трговија на дрога, а подоцна од лабораториското испитување било потврдено дека навистина не станува збор за хероин.

– Примерок од запленетата супстанција, карактеризирана како хероин, беше испратена до лабораторијата, која месец и половина по испитувањето, писмено потврди дека не станува збор за дрога, но без да прецизира за што точно станува збор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Судот во Солун врз основа на извештајот од хемиската лабораторија, го прогласил осомничениот за невин за поврзаност со дрога, но му одреди затворска казна во траење од три месеци за нелегален влез во Грција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе