Судот пресече: Трамп ќе плати над 454 милиони долари во случајот за измама во Њујорк

Макфакс
/ 24.02.2024 / 11:52

Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба. Одлуката е донесена по тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател поднесена од државниот обвинител на Њујорк, објавија агенциите.

Сумата вклучува казна од 354,9 милиони долари, плус камата, што на 16 февруари судијата на државниот суд на Менхетен, Артур Енгорен, му ја изрече на Трамп по повеќе од три месеци судење. Така, вкупната сума на казната на која беше осуден поранешниот претседател се зголеми за речиси 100 милиони долари.

Информацијата синоќа ја објави државниот суд во Њујорк.

На 16 февруари, Трамп беше прогласен за виновен од судот во граѓански случај за измама при проценката на имотот на неговата компанија „The Trump Organization“ и му изрече парична казна од околу 355 милиони долари. Покрај тоа, на републиканецот му беше забрането во период од три години „да работи како службеник или директор на која било корпорација на територијата на државата Њујорк и да аплицира за заеми од финансиски институции регистрирани во државата“.

Трамп најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе