Сведоштво на бездомникот кој им помагаше на жртвите во Манчестер (Видео)

Бомбашкиот напад по концертот на Аријана Гранде во Манчестер завчеравечер беше, како што рече британската премиерка Тереза Меј, сведоштво за најлошото од човештвото. Но во најлошото, се гледа и најдоброто во луѓето.

Пример за тоа е Стивен Џонс, бездомник кој се нашол во близина на арената каде се случи крвавиот инцидент.

Во интервју за ITV News Џонс опиша како побрзал да им помогне на повредените откако слушнал силна експлозија за која прво мислел дека е огномет.

„Тоа што сум бездомник не значи дека немам срце и дека не сум човек“, вели тој.

„Едноставно инстиктот те води да одиш и да помогнеш кога некому му треба помош, а тоа беа деца, имаше многу деца, облеани во крв, врескаа и плачеа.“

Тој зборуваше и како ѝ ги држел нозете на една жена за да не искрвари и како вадел клинци и деланки од лицата на деца повредени во нападот.

„Ѝ ги држевме нозете нагоре бидејќи мислевме дека ќе искрвари до смрт“, рече тој. „Моравме да направиме нешто, мораш да помогнеш, ако не помогнев немаше да можам да живеам со себе.“

Многу луѓе на Twitter го пофалија Џонс за неговата пожртвуваност и човечност и предложија да му се помогне да најде сместување или работа.

Дејвид Саливан, ко-претседавач на фудбалскиот клум Вест Хем, и неговиот син успеаја да го најдат и му понудија сместување за 6 месеци додека успее да се крене на нозе.

Преку кампањата JustGiving беа собрани 29.500 фунти за помош за Џонс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе