Светот со рестрикции за патувања од Јужна Африка поради новата варијанта на коронавирусот

Европските и азиските земји денеска ги заострија ограничувања за патување, откако во Јужна Африка беше откриена нова варијанта на коронавирусот со најголем број мутации досега, но сè уште не е познато дали е поопасна од претходните соеви.

Обединетото Кралство, Германија, Израел, Сингапур и Јапонија се меѓу оние кои веднаш иницираа забрана за летови од Јужна Африка и соседните земји. ЕУ предлага да се забранат летовите од тој регион во целата Унија. Сепак, СЗО по денешната итна седница оцени дека препораките за воведување рестрикции при патувањата се избрзани.

Обединетото Кралство веднаш воведе забрана за директни летови од шест африкански земји. Британците и другите патници кои се враќаат од Јужна Африка, Боцвана, Намибија, Зимбабве и Лесото ќе мора да поминат десетдневен карантин пред да влезат во земјата. Истата забрана ја воведе и Израел.

Јужноафриканското Министерство за надворешни работи смета дека ова е преизбрзана одлука и потсети дека Светската здравствена организација сѐ уште нема дадено никакви насоки во однос на новата варијанта. BBC ја пренесува изјавата на биологот од Универзитетот Оксфорд, Џејмс Нејсмит, кој рече дека вакцините „речиси сигурно“ ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта.

Германските власти денеска објавија ограничувања на летовите од Јужна Африка, поради стравувањата од новата варијанта. Според ограничувањата за патување, само германските граѓани ќе можат да се вратат дома од Јужна Африка. Соседите на Јужна Африка, исто така, веројатно ќе бидат погодени од забраната.

Европската комисија денеска соопшти дека ќе го ограничи воздушниот сообраќај од Јужна Африка поради страв од ширење на инфекцијата. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на Twitter објави дека Комисијата ќе предложи, во координација со земјите-членки, активирање на вознредни овластувања за запирање на воздушниот сообраќај од јужноафриканскиот регион поради страв од ширење на коронавирусот, варијантата B.1.1.529.

URL

Светската здравствена организација го означи сојот како „набљудувана варијанта“. Марија Ван Керхова, технички менаџер на СЗО за COVID-19, рече дека досега им се достапни помалку од 100 секвенцигеноми од споменатата варијанта. Ќе бидат потребни неколку недели за да се одлучи дали B.1.1.529 ќе стане „варијанта од интерес“ или „варијанта која предизвикува загриженост“, а за денеска се очекува да добие грчко име како што беше случај со делта варијантата.

СЗО препорачува да не се ограничуваат патувањата поради новата варијанта, соопшти денеска Организацијата по итната седница, свикана поради новиот, поопасен сој.

– СЗО им препорачува на земјите да продолжат да ги применуваат пристап темелен врз проценка на ризикот и науката во спроведување на мерките за патување, изјави денеска во Женева Кристиан Линдмаер.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе