Светска премиера на новиот Skoda Karoq

Чешкиот бренд ќе го претстави новиот Skoda Karoq на саемот за автомобили во Франкфурт. За прв пат во своите возила, Skoda го опремува Karoq со дигитална потполно персонализирана инструмент табла според потребите на возачот. Овој SUV исто така доаѓа и со LTE интернет модул и Skoda Connect. Емотивниот и динамичен дизајн со уникатни карактеристики го претставува новиот дизајнерскиот јазик на брендот.

Компактниот SUV е долг 4382 mm, 1841 mm широк и 1605 mm висок. Долгото меѓуоскино растојание од 2.638 mm гарантира многу простор за патниците. Багажниот простор е со волумен од 521 литар. Skoda инкорпорираше неколку „Simply Clever“ идеи во новиот компактен SUV, вклучувајќи ја вирутелната педала, со која се отвора багажната врата без употреба на рацете, како и опционалните VarioFlex задни седишта. Како комбинација на VarioFlex задните седишта, багажниот простор добива на флескибилност од 479 до 588 литри. VarioFlex системот е составен од три одделни задни седишта кои можат индивидуално да бидат поместувани или потполно отстранети, при што компактниот SUV би располагал со максимален багажен простор од 1.810 литри.

Skoda Karoq е најдигитализираното возило во програмата на Skoda. За прв пат, Skoda нуди дигитална инструмент табла која се персонализира според преференциите на возачот. Дисплејот може да се подесува исто како и инфо-забавниот систем со кој е поврзан. Екстензивната и постојана конективност на возилото овозможува удобно и безбедно возење за возачот и патниците. Сите решенија за конекцијата служат за да се подобри протокот на информации, да се зголеми забавата и да се гарантира безбедноста. Skoda Karoq го нуди најновиот инфо-забавен систем.

Дисплејот на допир го содржи карактеристичниот Skoda стаклен дизајн. Патниците во Skoda Karoq се секогаш online благодарение на LTE модулот и WLAN hotspot, на кои сите патници може да се поврзат.

Новите online услуги на Skoda Connect се поделени во две категории: инфо-забавни online услуги кои даваат информации и навигација; Care Connect услугите кои нудат помош во итни случаи. На пример, услугата за итен повик автоматски бара помош во службите за итна помош во случај на незгода. Дополнителни online услуги кои се достапни со Skoda Connect апликацијата, овозможуваат проверка и конфигурирање на возилото преку вашиот smartphone.

Интелигентното вмрежување помеѓу автомобилот и паметниот телефон достигнува ново ниво во Skoda Karoq. Телефонската кутија со индуктивно полнење го поврзува паметниот телефон со антената на кровот и безжично го полни. 

Skoda Karoq, исто така нуди и нови системи за асистирање на возачот. Системот за асистирање при паркирање (Park Assist), системот за одржување на коловозна лента (Lane Assist) и системот за асистирање во сообраќаен метеж (Traffic Jam Assist) го прават возењето исклучително смирено и удобно. Системот за детектирање на возило во слепа точка (Blind Spot Detect), системот за предно асистирање (Front Assist) заедно со системот за заштита на пешаци (Pedestrian Protection)и системот за итно сопирање (Emergency Assist) ја зголемуваат безбедноста на патот. Компактниот SUV нуди систем за осветлување со full-LED предни и задни светла, како и амбиентално осветлување во ентериерот.

Четири варијанти на мотори се достапни, вклучувајќи два бензински и два дизел мотори со моќност од 115КС и 150 КС. Двата бензински мотори и два од дизелските се дел од новата програма. Моторите 1.0 TSI и 1.6 TDI се достапни само со мануелен менувач, а изведбата на 2.0 TDI e достапен со мануелен како и со автоматски DSG менувач. За прв пат во моделите на Skoda достапен е и 1.5 TSI мотор со автоматски DSG менувач кој располага со деактивација на цилиндрите за максимална ефикасност на работењето.

Шасијата на Skoda Karoq поставува нови стандарди во својот сегмент, демонстрирајќи го својот квалитет и на лошите патишта. Возачки профили кои се достапни на возачот се Normal, Sport, Eco, Individual и Snow (4x4).

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе