Светска шампионка украла кредитна картичката од колешка, ја користела за онлајн-шопинг

Светската шампионка во биатлон, Жулиа Симон (27) од Франција е ослободена од полициски притвор како дел од истрагата за кражба на кредитни картички.

Минатогодишната победничка на Светскиот куп беше приведена во вторникот, откако од страна на нејзината колешка од репрезентацијата, Жјустин Брезаз-Буше, беа поднесени две пријави против неа.

Буше ја обвини 27-годишната Симон дека незаконски ја користела нејзината банкарска картичка за купување преку интернет во износ од „приближно 2.300 евра“, пишува Bild.

Браијаз-Буше, наводно, ги поднела обвиненијата минатата година, но случајот се појавил во јавноста дури на почетокот на летото, кога за него пишуваше францускиот весник L'Équipe.

Меѓу другото, биле купени и производи од брендот GoPro кои потоа биле доставени на домашната адреса на Симон во Албервил.

„Има купувања кои се направени со кредитна картичка со моето име, но денес и јас сум жртва на оваа ситуација. Моето име беше користено без мое знаење“, рече Жулиа Симон во интервју за Le Dauphiné libéré во август 2023 година.

Новата сезона во биатлон започнува за нешто помалку од еден месец (25 ноември), а првата трка е во Естерсунд, Шведска. Симон планира да ја започне и покрај бројните обвинувања.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Останати спортови

Спортска повреда: Му замрзнал пенисот за време на скијачка трка

Read more

Чех испиша историја во Англија: Прв професионалец во два различни спорта

Read more

Бизарна ММА ситуација: Камерманот остана во кафезот со борачите

Read more

Бањаја победи во Валенсија и ја одбрани титулата

Read more
 

Спорт

Лука Дончиќ стана татко, добро ја криеja бременоста на свршеницата

Читај повеќе

Меси за Левандовски: Намерно го дриблав

Читај повеќе
  • play_arrow

Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

Читај повеќе

Извлечени паровите за елиминациското коло од Купот на Македонија

Читај повеќе

Лазаров го објави поширокиот список за ЕУРО

Читај повеќе

Во Сан Марино бесни на ФИФА: Постигнавме 3 гола и нѐ турнавте на дното

Читај повеќе

Желбите за јадење по натпревар на играчите на Барса од 2014

Читај повеќе
  • play_arrow

И тоа е можно: Реал му забрани на свој фудбалер да зборува за Меси

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа во Јувентус

Читај повеќе