Светските медиуми не штедат пофалби за Модриќ: Еден од најдобрите на сите времиња

Лука Модриќ повторно беше еден од главните режисери на чудесното враќање на Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Тимот на Анчелоти беше на стаклени нозе на десет минути пред крајот, Челси водеше со 0:3 на Сантијаго Бернабеу, со што ја анулираше победата на Мадрид во Лондон.

Потоа на сцена стапи Модриќ, кој со фантастична асистенција со надворешната страна на копачката го пронајде Бразилецот Родриго и така го одведе Реал во продолженија. Карим Бензема погоди во 96. минута за 2:3, а доволен беше и минималниот пораз со оглед на победата на Реал од 3:1 во првиот натпревар.

Remote video URL

Уште пред Шимон Марчинијак да го означи крајот на натпреварот, светските медиуми почнаа да се натпреваруваат во пофалби за хрватскиот фудбалер. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо го нарече „уметник чии потези треба да бидат во музеј“, британски BBC напиша дека Модриќ „се појавил кога Реал бил на колена и кога му бил најпотребен, а мадридска Marca дека треба да му се подигне споменик.

Bleacher Report Football го нарече „нереален“, а SPORTbible „еден од најдобрите на сите времиња“.

URL

Порталот Goal смета дека Модриќ „старее како добро вино“, а Џејми Карагер, легендата на Ливерпул, кој работи како коментатор на Sky Sports, не можеше да го сокрие своето воодушевување.

URL
URL

Познатиот 433 едноставно напиша: „Лука Модриќ. Тоа е тоа. Тоа е твитот".

URL
Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе