Спектакл во Мадрид: Реал послаб, но сепак го исфрли Челси од ЛШ

Фудбалерите на Реал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во двомечот од четвртфиналето беа подобри од Челси.

На првиот дуел одигран во Англија беше 3:1 за Реал, додека синоќа во Мадрид по продолженијата беше 3:2 за Челси, па кралевите продолжија со вкупен резултат 5:4.

Челси поведе во 15. минута од натпреварот по добра акција на целиот тим. На крајот Вернер му асистираше на Маунт кој ја смести топката на десната страна од голот за молк на стадионот. И во продолжението од првото полувреме, Челси беше далеку подобар тим, но изостанаа големи шанси.

URL

Сепак, само шест минути игра во продолжението од мечот беа доволни на Челси да го удвои водството. Овојпат Маунт испрати фантастична топка од корнер, а Рудигер најмногу скокна и со глава ја упати топката во мрежата за 0:2.

Реал дури тогаш се разбуди и првата можност ја имаше во 56. минута кога Менди го одбрани ударот на Крос од слободен удар. Шест минути подоцна Алонсо го постигна третиот гол за Челси, но истиот беше поништен бидејќи дефанзивецот на „Сините“ играше со рака пред голот. Оваа ситуација се проверуваше преку ВАР.

Бензема набрзо со глава ја погоди гредата, а лондонскиот тим на 15 минути пред крајот на натпреварот стигна и до третиот гол. Вернер направи голем соло пробив, надмудри неколку играчи на Реал и со малку среќа му донесе голема предност на Челси.

Сепак, славјето на гостите траеше само пет минути откако Родриго намали на 1:3, по неверојатната асистенција на Модриќ, кој го пронајде со одлично додавање од надворешната страна на копачката. Хрватскиот играч за врска можеше да ги нокаутира Англичаните две минути подоцна, но Менди одговори со одлична одбрана.

Пред крајот на регуларниот дел од натпреварот Пулишиќ можеше да го однесе Челси понатаму, но шутираше лошо, па се играа продолженија.

Веќе во првиот дел од продолжението, Реал стигна до злато вредниот гол кој го постигна најдобриот играч на „Кралевите“ Бензема, во негов стил – со глава. Челси залудно напаѓаше до крајот на натпреварот и не успеа да стигне до целта и затоа се збогуваше со одбраната на европската титула.

URL

Од друга страна, Реал во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Атлетико и Манчестер Сити. Англискиот тим има еден гол предност по првиот натпревар. Првите полуфинални натпревари се закажани за 26 и 27 април, а реваншите ќе се играат на 3 и 4 мај.

Резултат и стрелци:

Реал - Челси 2:3 (Родриго 80', Бензема 96' - Маунт 15', Рудигер 51', Вернер 75')

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе