СЗО објави листа на причинители на габични инфекции кои го загрозуваат глобалното здравје

Светската здравствена организација (СЗО) ја состави првата листа на габични патогени кои претставуваат најголема закана за здравјето на луѓето, предупредувајќи дека некои видови стануваат сè поотпорни на лекови и се сè пораспространети.

Телото на ОН, кое има слични списоци за вируси и бактерии, објави дека габичните инфекции и нивната зголемена отпорност на лекување претставуваат сè поголем ризик.

Историскиот недостиг на фокус врз опасноста од габични патогени значи дека постојат големи празнини во знаењето, како и недостатоци во следењето, лекувањето и дијагнозата.

Тешко беше дури и да се процени обемот на заканата поради недостиг на податоци, нагласи СЗО, апелирајќи до владите и научниците да направат големи напори за да го засилат одговорот на 19-те габични инфекции од списокот.

– Излегувајќи од сенката на пандемијата на бактериска антимикробна отпорност, габичните инфекции се шират и стануваат сè поотпорни на лекување, станувајќи проблем за јавното здравје ширум светот, изјави доктор Ханан Балхи, помошник-генерален директор на СЗО за антимикробна резистенција.

Габичните инфекции често ги погодуваат луѓето кои се веќе сериозно болни, како што се пациентите со рак или туберкулоза, а стапките се зголемија кај хоспитализираните пациенти со COVID-19 за време на пандемијата.

Постојат само четири типа на лекувања, со многу малку нови опции во развој.

Климатските промени исто така значат дека се шири зачестеноста и географскиот опсег на патогените, нагласи СЗО.

Отпорноста делумно е предизвикана од прекумерната употреба на антифунгални средства во земјоделството.

Списокот ги дели патогените во три категории врз основа на нивното потенцијално влијание и податоците за ризикот од нивната отпорност: критичен, висок и среден приоритет.

URL

Групата со критичен приоритет ја вклучува Candida auris, која е многу отпорна на лекови и предизвика бројни епидемии во болниците ширум светот, како и Cryptococcus neoformans, Aspergillus fumigatus и Candida albicans.

Групата со висок приоритет вклучува голем број други габи од семејството Кандида, како и други како што се Мукоралес, група која содржи габи кои предизвикуваат мукормикоза или црна габа, инфекција која брзо се шири меѓу сериозно болните луѓе - особено во Индија - за време на епидемијата на COVID-19.

Групата со среден приоритет вклучува голем број други габи, вклучувајќи ги Coccidioides spp и Cryptococcus gattii.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Свет

Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Трамп очекува договорот за минерали со Украина да се потпише „многу брзо“

Read more
 

Вести

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Читај повеќе

Прилепчанец предизвикал пожар, палел ниви и запалил бандера на ЕВН

Читај повеќе
  • play_arrow

Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Читај повеќе

И во Центар ќе се проверуваат сите објекти за да се утврди дали се безбедни од пожари

Читај повеќе

Општина Аеродром ги тресе угостителските објекти, ќе ги проверува и зградите

Читај повеќе

Сериозна, но стабилна е состојбата на повредените пациенти од страотниот пожар во Кочани

Читај повеќе

Уапсен возачот кој вчера удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Читај повеќе

Денес сонце и температури до 20 степени

Читај повеќе

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Читај повеќе