СЗО предупредува за најлоша епидемија на сипаници во последните 13 години

Женева, 13 август 2019 (МИА) – Епидемиите на сипаници во моментов се присутни во целиот свет и продолжуваат да се шират, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Во првите шест месеци од оваа година пријавени се најманогу случаи на заболени од оваа болест во последните 13 години и речиси три пати повеќе отколку во истото  време минатата година. Освен што сипаниците го загрозуваат здравјето и животите на многу луѓе, тие се и голем товар за здравствениот систем.

Во САД е забележен најголемиот број случаи во последните 25 години. Во европскиот континент во првите шест месеци од оваа година се регистрирани речиси 90.000 случаи на зарази со оваа вирусна болест, што ги надминува бројките забележени за цела 2018 година кога од сипаници во цела Еврипа беа заболени 84.462 лица.

Причина за зголемениот број заболени е пониското ниво на вакцинирање, а причините заради кои тоа се случува се различни од држава до држава. Некаде станува збор за недостаток на пристап до поквалитетна здравствена заштита или услуги на вакцинирање, некаде за судири внатре во земјата, а некаде за дезинформации за ефектите од вакцинирањето или послабата упатеност за важноста на високото ниво на вакцинирање.

Во Демократска Република Конго, Украина и Мадагаскар годинава се забележени најголем број случаи на сипаници. Меѓутоа, на Мадагаскар во последните неколку месеци бројката на заразени драстично се намалила заради владината кампања за потребата од ванцинирање. Големи епидемии од оваа болест се забележни и во Ангола, Камерун, Чад, Казахстан, Нигерија, Филипини, Јужен Судан, Судан и Тајланд. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе