СЗО препорача Украина да ги уништи патогените во лабораториите

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението.

Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени во случај на оштетување на некоја од тие лаборатории.

Како и во многу други земји, лабораториите за јавно здравје истражуваат како да ја намалат заканата од опасните болести што ги погодуваат животните и луѓето, вклучително и  COVID-19.

Украинските лаборатории добиваат поддршка од САД, Европската Унија и СЗО.

СЗО наведе дека соработувала со украинските лаборатории за јавно здравје неколку години за да обезбеди безбедносни практики кои помагаат да се спречат „несреќи или намерно ослободување на патогени“.

„Како дел од својата работа, СЗО им препорача на украинското Министерство за здравство и другите одговорни тела да ги уништат опасните патогени и да ја спречат можноста за нивно ‘бегство’“, одговори СЗО.

Сепак, тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини пронајдени во украинските лаборатории.

Агенцијата не одговори на прашањата дали се почитувани нивните препораки.

Украинските власти во Киев и нивната амбасада во Вашингтон не одговорија на барањето за коментар.

Можностите на украинските лаборатории се најдоа во центарот на засилената информативна војна откако руската војска влезе во Украина.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе