Во Сиднеј продолжен локдаунот за уште најмалку 14 дена
Австралиските власти го продолжија заклучувањето во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град.